| четврток, 6 декември 2018 |

Уште сакаме „Подобар живот“: Актерите од серијата повторно се собраа (галерија)

Повторната средба на оригиналната актерска постава од некогаш мегапопуларната серија “Подобар живот”, предизвикала лавина спомени и поттикнала многу сеќавања. Актерите се собрале за да позираат за насловната на 600 издание на српското списание “Story”.

bolji-zivot

“Како да беше вчера”, коментирал 70-годишниот Марко Николиќ, кој во серијата го глумел Драгиша Попадиќ или “Гига Моравац”, татко на три деца и глава на петочлено семејство. Маки му задавале синовите Александар Саша (Борис Комнениќ) и Слободан Бобо (Драган Бјелогрлиќ) и ќерката Виолета (Лидија Вукичевиќ).

69-годишната Светлана Бојковиќ, која во серијата била Емилија, била воодушевена од повторната средба. “Тоа не беше само серија. Тоа беше период во кој сите некако весело и убаво живеевме. Таа серија е создавана во прекрасна атмосфера. Многу ми е мило што по толку години повторно сите се собравме на фотографирањето на семејството Попадиќ”, рекла Светлана.

bolji-zivot-2

Најголема слава по серијата остварил Бјелогрлиќ, кој станал главен српски актер, продуцент и режисер. Лидија Вукичевиќ се омажила и развела од фудбалерот Митар Мркела, а била и активен член на Српската радикална партија на Војислав Шешељ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top