Новата банкнота од 50 евра треба да биде пуштена во оптек од 4 април, а во првата фаза се очекува да бидат пуштени 5,4 милијарди евра.
Според најавите, новата банкнота ќе биде украсена со портретот на божицата Европа, од грчката митологија, а ќе има и подобра заштита со што би се отежна фалсификувањето.
Ќе има и прозорче кое што ќе станува транспарентно кога ќе се сврти кон светло, пренесуваат медиумите.
Освен тоа, заштитно обележје на банкнотата е и бројката, која менува боја кога банкнотата ќе се наведне.
Ова е четврта банкнота која доживува промена од воведувањето на единствената валута во ЕУ во 2002. година, откако претходно изгледот го променија банкнотите од 5, 10 и 20 евра.
Апоенот од 50 евра е најчесто употребуван од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во апоени од 50 евра се во оптек, што претставува 45 отсто од вкупните апоени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.