Екипата на Манчестер јунајтед денеска настапи без речиси половина првотимци, но сепак славеше со 1-3 на гостувањето против Мидлсброу во 29. коло од Премиер лигата.
Победникот на дуелот беше решен по 60 минути игра кога „црвените ѓаволи“ дојдоа до предност од 0-2 со головите на Фелаини во 30. минута и Лингард во 62. минута.
Домашните внесоа неизвесност со погодокот на Гестеде во 77. минута, но Валенсија во 93. минута постави конечни 1-3.
По оваа победа Јунајтед се искачи на петтата позиција на табелата со 52 бода, сега пред Арсенал кој има 50 бода. На четвртото место е Ливерпул со 58 бода, но „црвените“ имаат и натпревар повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)