Вкупно 81,8 отсто од анкетираните во истражувањето спроведена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), одговориле дека лично не би прифатиле двојазичност на цела територија на Македонија.

Анкетата на ИПИС покажува дека граѓаните не ја прифаќаат и платформата на етничките албански партии со цел нова влада на чело со Зоран Заев. Високи 72,5 проценти одговориле децидно „НЕ“ на ова прашање.

Од испитаниците 54,1 проценти сметаат дека прифаќањето на платформата на Албанците и двојазичноста ќе биде вовед во бинационална држава, поголеми поделби и федерализација.

Вкупно 52,2 проценти од граѓаните кои биле дел од анкетата сметаат дека понудата на Груевски целосно да ја поддржи Владата на СДСМ доколку не ја прифатат платформата на Албанците е искрена понуда за спас на Македонија од федерализација и нови поделби.

Протестите на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вкупно ги поддржуваат 51 процент од испитаните во кој влегуваат и етничките Македонци и етничките Албанци.
Одвоени по етникуми, резултатите од анкетата покажуваат дека 60 проценти од етничките Македонци и даваат поддршка на граѓанската иницијатива, додека 58 проценти од Албанците не ја поддржуваат.


Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во анкетата се отвора и прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба во моментов“, а одговорите може да ги прочитате ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година


