| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Повеќе од 80 отсто од граѓаните се против двојазичност на цела територија на Македонија

Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во анкетата се отвора и прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба во моментов“

Вкупно 81,8 отсто од анкетираните во истражувањето спроведена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), одговориле дека лично не би прифатиле двојазичност на цела територија на Македонија.

ipis-anketa-640x333

Анкетата на ИПИС покажува дека граѓаните не ја прифаќаат и платформата на етничките албански партии со цел нова влада на чело со Зоран Заев. Високи 72,5 проценти одговориле децидно „НЕ“ на ова прашање.

ipis-anketa2-640x326

Од испитаниците 54,1 проценти сметаат дека прифаќањето на платформата на Албанците и двојазичноста ќе биде вовед во бинационална држава, поголеми поделби и федерализација.

ipis-anketa1-640x341

Вкупно 52,2 проценти од граѓаните кои биле дел од анкетата сметаат дека понудата на Груевски целосно да ја поддржи Владата на СДСМ доколку не ја прифатат платформата на Албанците е искрена понуда за спас на Македонија од федерализација и нови поделби.

ipis-anketa3-640x316

Протестите на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вкупно ги поддржуваат 51 процент од испитаните во кој влегуваат и етничките Македонци и етничките Албанци.

Одвоени по етникуми, резултатите од анкетата покажуваат дека 60 проценти од етничките Македонци и даваат поддршка на граѓанската иницијатива, додека 58 проценти од Албанците не ја поддржуваат.

ipis-anketa4-640x288

ipis-anketa5-640x305

Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во анкетата се отвора и прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба во моментов“, а одговорите може да ги прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top