Вчера вечерта во 23,00 часот во полициска станица, М.В. (58) од Македонски Брод, пријавил дека истиот ден во времето од 18,00 до 23,00 часот од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа.
„Сторителот насилно ја отворил влезната врата и извршил пребарување при што пронашол и одзел 10 златници во вредност од 5.000 евра, рачен часовник во вредност од 300 евра и 40 евра, по што го напуштил местото на настанот“, соопштуваат од МВР.
Од полицијата известија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.