| четврток, 6 декември 2018 |

Германија подигна ниво на тревога од кибер напади

Пред парламентарните избори во Германија, државните служби го подигнаа нивото на тревога од кибер напади на ниво „зголемена подготвеност“ наведувајќи дека сајтовите на владата се секојдневно изложени на напади.

– Регистрирани се напади врз владини мрежи на дневно ниво, изјави Арне Шенбом, претседател на германската Федерална канцеларија за информатичка безбедност.

Тој додава дека се во близок контакт со официјални лица задолжени за изборите, политички партии и сојузни германски држави за да се разговара за тоа како да се заштитат од кибер напади. Шенбом нагласи дека Канцеларијата е подготвена за реакции на евентуални напади на денот на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top