| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид во дербито на „Сан Мамеш“ стигна до значајни три бода (видео)

real madrid

Во дерби натпреварот на 28. коло во Примера дивизија на „Сан Мамеш“ фудбалерите на Реал Мадрид забележаа голема победа против Атлетик Билбао со 1-2. По денешната победа фудбалерите на Реал Мадрид сега имаат +5 во однос на Барселона.

Почетокот на натпреварот им припаѓаше на домашните фудбалери, кои константно го напаѓаа „кралскиот клуб“, но без да го совладаат Навас. За разлика од нив избранците на Зидан беа главно ориентирани на контра напади, а при еден таков во 10. минута постигнаа погодок, но главниот судија го поништи поради офсајд.

Во 25. минута Касемиро додаде една топка до Роналдо, овој го проигра Бензема, на кој не му беше тешко да погоди за 0-1. До крајот на првиот дел Баскијците повторно доминираа, но безуспешно па на одмор се замина со 0-1.

atletik bilbao

И на почетокот на вториот домашните фудбалери беа подобар ривал, но повторно последна пречка беше Навас. Во 60. минута Зидан го изваде од игра Модриќ, а само пет минути подоцна Адуриц ја искористи асистенцијата од Раул Гарсија и израмни на 1-1. Но, радоста на домаќините траеше само три минути, откако при еден корнер Касемиро небранет од никого погоди за 1-2.

Во 78. минута Зидан од игра го изваде Роналдо, а го внесе Иско и се чини со тој потег ја згусти средината на теренот, па не дозволи Билбао до крајот да направи некоја посериозна шанса и тоа значеше победа и големи три бода за тимот на Реал Мадрид.

Сега за тимот на Реал Мадрид следи пауза поради настапите на репрезентациите, а во наредното коло на домашен терен го пречекуваат тимот на Алавес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top