| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците од Германија излегоа „За заедничка Македонија“ (видео +фото)

И Македонците, иселеници во Германија, денеска се собраа на мирен протест во поддршка на иницијативата За заедничка Македонија.
17407802_10212415451564165_357020337_o
Од Берлин ја испратија пораката против двојазичноста и разнебитувањето на државата, против иредентистичките барања испорачани од Тирана, против насилна промена на знамето, грбот и името на Република Македонија.

„Македонците во Германија, како нераскинлив дел од македонскиот народ, преку мирниот протест изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата“, се вели во декларацијата која беше прочитана денеска во Берлин.

Според декларацијата, Македонците во Германија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи и сметаат дека само македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Македонците во Германија денеска од Берлин го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија која е држава на македонскиот народ како единствен носител на државноста и во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност.

133615502

Македонската заедница во Германија на денешниот протест бара крај на разговорите за разликата за името меѓу Македонија и владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со можност за употреба на уставната додавка „Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, со меѓународниот код МК односно МК.

Во декларацијата објавена денеска Македонците во Германија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната, бараат итен попис на населението во Македонија и ја отфрлаат владина коалиција којашто нема да ја почитува оваа Декларација.

Со цел смирување на тензиите во Македонија македонската заедница во Германија повикува на семакедонско помирување и обединување, затоа што, како што стои во декларацијата, „силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“.

Уставот на Македонија кој согласно сите меѓународни стандарди предвидува рамноправност на сите македонски граѓани мора да биде единствената платформа околу која ќе се гради соживотот и иднината во независна, суверена Република Македонија, велат дел од учесниците.

133615503

Организаторите на собирот коишто се членови на неколку невладини, црковни и политички организации од повеќе германски градови, во името на сите Македонци и македонски граѓани кои  живеат во Берлин и Германија декларацијата ќе ја испратат до повеќе меѓународни инстанци.

Документот во кој се бара поддршка од меѓународната заедница и почитување на основните човекови права на Македонците и почитување на суверенитетот и унитарниот карактер на Република Македонија ќе биде испратен до постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Советот на Европа, Европската унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), НАТО, Кина, Франција, владата на Сојузна Република Германија и до политичките фактори во Република Македони

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top