| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти: Се радувам на средбата со старите пријатели на „Сантијаго Бернабеу“

karlo anceloti

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти изјави дека двомечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид ќе има посебно значење за него.

– Тие натпревари ќе бидат посебни и возбудливи за мене. Имаме многу самодоверба и сакаме да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите оваа сезона. Мислам дека сме спремни да го победиме Реал, но тие имаат фантастична екипа, предводена од добар тренер во Зидан. Малите детали ќе го решат мечот, можеби судиска одлука, па затоа е тешко да се победи на вакви натпревари – рече 57-годишниот италијански стручњак.

Анчелоти беше дел од „кралскиот“ клуб во периодот од 2013 до 2015 година, а во својата премиерна сезона на клупата стигна до титулата во најелитното европско фудбалско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top