| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора испраќа амбасадор во Приштина

crna-gora-izbori-500

Црна Гора наскоро би можела да испрати свој амбасадор во Косово, по подолго одложување на тој завршен чин на воспоставување дипломатски односи.

Според информациите, Радован Милјаниќ, кој одамна се споменува како црногорски амбасадор во Приштина, веќе почна да обиколува разни институции во Црна Гора пред заминувањето во Косово.

Тоа е вообичаена постапка на консултации на дипломатски претставник на една земја, пред и официјално да стапи на должност во друга држава.

Милјаниќ, кој студирал во Приштина, е долгогодишен новинар. Беше и генерален директор на Радио-телевизија Црна Гора.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ претходно повеќепати го повтори ставот дека нема да потпишува указ за именување црногорски амбасадор во Косово, додека Приштина не го признае статусот на црногорската национална заедница.

Косовскиот Парламент повеќепати најави дека на Црногорците ќе им даде статус на признаено малцинство во текот на оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top