Албанската платформа е уценувачки документ кој на крајно подмолен, би го нарекол и рекетарски начин, е наметнат пост изборно и тоа од премиер на друга држава. Со оваа платформа се бара промена на името, знамето, грбот, химната и нека слушне целиот свет дека тоа нема да го дозволиме. Тука сме „За заедничка Македонија“.
Ова вечерва пред насобраната маса народ го истакна Дарко Мијалковски, еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија.“
– Ниту еден Албанец во Македонија не е дискриминиран, напротив нашите пријатели Албанци слободно зборуваат и учат на својот мајчин јазик, имаат свои весници, радија и телевизии, дел се од државната администрација, имаат локална власт, имаат чисто албански партии, имаат свои министри, исти закони важат и за нас и за нив. Сетоа ова јасно укажува дека албанската платформа не е ништо друго туку директен вовед кон растурање на нашата држава, истакна тој.
Од ден во ден, додаде Мијалковски, се во се` поголем број.
– Како што гледате, цела Македонија е на нозе. Испраќате силна порака до светот – вие сте пример за луѓе кои вистински си ја сакаат татковината, подвлече Мијалковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“