Оваа земја ги почитува сите, меѓутоа и тие што живеат тука треба да ја почитуваат оваа земја, порача пред насобраните граѓани пред Собранието актерот Владо Дојчиновски.
-Браќа Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, а сигурен сум дека меѓу нас овде има и чесни Албанци. Сите ние живееме во оваа наша заедничка земја, во нашата земја Република Македонија. Оваа земја ги почитува сите, меѓутоа и тие што живеат тука треба да ја почитуваат оваа земја, треба да е јасно и гласно дека ова е наша земја, друга земја ние немаме. Дури и иселениците од целиот свет станаа на нозе, сите станаа за оваа земја затоа што и тие викаат дека се Македонци и нивната земја е Македонија, изјави Владо Дојчиновски.
Дојчиновски упати порака и до оние кои ги навредуваат граѓаните кои ја бранат својата татковина, тој порача ако нека ги навредуваат, а тие ќе останат да ја чуваат својата Македонија.
Слушам како не навредуваат, викаат дека сме биле прости, дека сме биле пијаници, дека не сме знаеле зошто доаѓаме, дека сме доаѓале само да штитиме некого. Нема проблем нека не навредуваат, нека не викаат како сакаат, меѓутоа треба едно да им е јасно, кога марширавме сите овие денови и денеска од владата до собранието во еден глас се слушаше само едно име – МАКЕДОНИЈА. Затоа сме ние тука, затоа што сакаме да ги зачуваме, да ги заштитиме интересите на оваа наша земја. Не прифаќаме никакви туѓи платформи. Ако прифатиме друг јазик, ако смениме грб, смениме знаме, смениме име, што сме ние, прашува Дојчиновски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“