| четврток, 6 декември 2018 |

Ширум светот не препознаваат по нашите обележја – ако ги изгубиме, знамето, името и јазикот, кои сме ние?

folkloristi111-768x392

Македонските фолклористи кои го предводеа денешниот марш, дадоа огромна поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

– Ние фолклористите сме дојдени овде да дадеме поддршка „За заедничка Македонија“. Ние не сме дојдени да држиме говори на омраза, да поттикнуваме меѓуетнички тензии, ние сме дојдени како амбасадори на Македонија во однос на македонските ора, песни, традиција и култура, истакна Мартин Цветковски.

Велат дека тие знаат што значи да се настапи под името на Република Македонија.

igraorcis-1-768x432

– Ширум светот не препознаваат по овие наши обележја и ознаки – ако ги изгубиме, знамето, името, јазикот, тогаш се поставува прашањето: Кои сме ние? Ќе бидеме обезличени. Доволно не болеше што не нарекуваа ФИРОМ, па зарем повторно да го менуваме името? Зарем уште поголема треба да биде болката? Што ли ќе им одговориме на помладите генерации кога ќе не прашаат што правевте вие кога ни ја растураа државата? Зарем треба да им одговориме само седевме од страна и гледавме, додаде фолклористот Цветковски.

Да не дозволме, повикаа тие, да ни го сменат името, јазикот, знамето, грбот и химната.

– Сакаме Македонија да остане каква што е. Праведна каде што сите имаат свои права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top