| четврток, 6 декември 2018 |

Мирни протести пред Апелација за поддршка на сопственикот на „ТВ Нова“ (ФОТО)

Мирен собир, со кој припадниците на бошњачката заедница и вработените во компаниите на бизнисменот Сеад Кочан бараат правда за сопственикот на телевизија „Нова“, и денеска се одржува пред скопскиот Апелационен суд.

7

Да запре притисокот врз слободните медиуми и водењето на селективна правда. Ова се пораките упатени и денеска од протестот.

1-6

Вработените во компаниите на бизнисменот Сеад Кочан и претставници од бошњачката заедница и денес пред скопска апелација со мирен протест го изразија својот револт за донесената одлука и побараа правда за сопственикот на Телевизија Нова.

2-8

Зекир Рамчиловик претставник од здруженето на бошњаци изјави дека главна причина за ваква одлука е замолчување на еден медиуми и правење директен притисок врз бошњачката заедница.

4-3

Рамчиловиќ изрази надеж дека понатамошната постапка ќе се води на начин на којшто ќе се задоволи правдата, и дека мирниот протест е да се изрази незадоволство од вчерашната одклука а не е со намера да се прави притисок.

5-3

Вработените од фирмите на бизнисменот Сеад  Кочан пред Апелација протестираа и во текот на вчерaшниот ден со јасни барања да престане притисокот врз слободните медиуми и водењето на селективна правда.

7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top