| четврток, 6 декември 2018 |

Американски војник ќе признае дека пукал во главата на мали деца (видео)

avganistan vojnici Триесет и деветгодишниот поручник Роберт Бејлс, кој е обвинет за 16 убиства, за шест обиди за убиство и за седум напади, ќе ја признае вината за да не биде осуден на смртна казна.

Тој ќе го признае масакрот што во март минатата година го извршил на југот на Авганистан. Поголем дел од неговите жртви  биле жени и деца и речиси на сите им било пукано в глава. Обвинителството бара смртна казна за Бејлс.

Неговиот бранител Џон Браун синоќа изјавил дека Бејлс на 5 јуни ќе се изјасни како виновен. Тој вели дека ќе биде постигнат договор со војската да се откаже од смртната казна доколку ја признае вината.

– Потоа во септември ќе биде донесена пресудата кога ќе видиме дали ќе добие доживотна казна со можност да излезе порано од затвор и другиот дел од казната да ја отслужи условно или без можност кога било да излезе на слобода – рекол Браун.

На прашањето дали Бејлс се кае, адвокатот одговорил дека неговиот клиент апсолутно се кае и тоа ќе стане јасно во продолжението на процесот.

Договорот за признавање на вината во замена за избегнување смртна казна, најверојатно, ќе ги разгневи семејствата на жртвите, кои бараа да му се суди во Авганистан.

Бејлс ноќта на 11 март 2012 година, наводно, излегол од својата база во областа Панџваји во јужната авганистанска провинција Кандахар за да го изврши масакрот во кој убил и девет деца. Тој потоа, наводно, ги запалил телата на дел од своите жртви.

Сослушувањето три дена се случувало и во Авганистан за да можат да сведочат Авганистанците што го преживеале масакрот и роднините на убиените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top