Дваесетина навивачи на белградска Црвена звезда пристигнале во Милано за да му дадат поддршка на својот клуб во дуелот против Олимпија Милано во рамките на 26. коло од кошаркарската Евролигата.
Но пред вчерашниот дуел, навивачката група “Делии” влегле во супермаркет и украле храна и алкохол, пренесуваат италијанските медиуми.
Тие ја начекале осамената продавачка, која сепак во целата „акција” не е повредена, а српските навивачи успеале да исчезнат од местото, пред пристигнувањето на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.