Дефанзивецот на Монако, Андреа Раги, го посакува Лестер за противник во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ждребот ќе се изврши денеска напладне, а италијанскиот фудбалер сака да му се одмазди на Лестер за отказот на неговиот сонародник, Клаудио Раниери.
– Го посакувам Лестер во четвртфиналето. Ќе биде забавно. Покрај тоа, ќе се одмаздам и за Раниери, тој е моја, италијанска крв – изјави Андреа Раги.
Покрај Монако и Лестер, во барабаните ќе бидат и Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.