Според податоците на Агенцијата за статистика на Европска унија (Евростат), 1,2 милион луѓе побарале азил во ЕУ минатата година, од кои најголемиот број се Сиријци, Авганистанци и Ирачани.
Според Евростат бројот на подносители на азил во 2016 година е помал во споредба со 2015 година, но бројката е речиси двојно поголема во однос на 2014 година.
Околу една третина од барателите на азил што пристигнале во земјите-членки на ЕУ минатата година се од Сирија, потоа 183.000 од Авганистан и 127.000 се Ирачани.
Евростат наведува дека 60 проценти од барањата се пополнети во Германија, а потоа е Италија со 10 отсто, додека бројот на баратели на азил значително опаднал во Шведска, Финска. Данска и Унгарија.
Околу еден милион барања се уште се во процес на обработка од крајот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.