| четврток, 6 декември 2018 |

Преку Талат Џафери како претседател на Собранието почнува реализацијата на тиранската платформа на Еди Рама во Македонија (ВИДЕО)

talat

Дваесетина дена преку 150 илјади граѓани од цела Македонија на улиците во 31 град бараат почитување на нивната волја да живеат во унитарна и суверена Македонија. Но, пораките кои ги испраќаат дека нема да дозволат разнебиртување на државата не стугнуваат до СДСМ и неговите коалициски партнери од албанскиот блок. Тие не се откажуваат од реализација на албанската палтформа на Еди Рама, а потврда за тоа е и соопштението што вчера го испрати СДСМ до медиумите, во кое најави дека поднесува инцијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која треба да се избере претседател на законодавниот дом.

„Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски треба да го закаже нејзиното продолжение. На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

Деновиве се водат интензивни партиски разговори меѓу високи претставници на новото парламентарно мнозинство, кое чека мандат за состав на Владата“, стои во соопштението на СДСМ испратено вчера до медиумите, со што СДСМ најави почеток на реализацијата на тиранската платформа.

СДСМ и албанските партии се подготвени да свикаат продолжување на конститутивната седница на Собранието на која треба да се избере нов претседател на Собранието дури и ако претседателот во заминување Трајко Велјаноски не го стори тоа. Заев е цврсто решен да ја спорведе тиранската платформа, која ја прифатил во целост, што го потврдуваат неговите албански партнери, но и членот на ИК и ЦК на партијата, Мухамед Зекири. Изборот на претседател на Собранието Албанец е првиот чекор во реализација на платформата од Тирана.

Иако Заев и неговите сопартијци избегнуваат да одговорат што договориле со ДУИ, односно да обелоденат дека ја прифатиле тиранската платформа, коалициските партнери на Заев, Зијадин Села и Бујар Османи, па и членот на претседателството на партијата, Мухамед Зекири, не се стегаат да го потврдат тоа со голема доза задоволство.

Со меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за распределба на позициите во власта, како што веќе објави „Република“,  одлучено е поранешниот албански командант на 116 Бригада на УЧК, кој потоа стана политичар, ексминистерот за одбрана од редовите на ДУИ, Талат Џафери, да биде претседател на Собранието на РМ.

talat dzaferi

Изборот на Албанец за претседател на Собранието е еден од условите во тиранската платформа, создадена во Тирана од албанските партии и Еди Рама и прифатена од СДСМ со единствена цел да се укине македонската државност.

Според Уставот, претседателот на Собранието е втор човек во државата и заменик-врховен командант, што значи дека во отсуство на претседателот Ѓорге Иванов, Талат Џафери, ќе ја води државата и ќе биде врховен командант на вооружените сили на РМ.

Прифаќајќи двојазичност на целата територија на Македонија, СДСМ му овозможува на поранешниот командант на ОНА државата да ја води на албански јазик, во Собранието да се обраќа на албански и седниците да ги води на албански.

Од друга страна, тоа значи дека албанскиот јазик на голема врата ќе стане официјален јазик на целата територија на државата со заобиколување на гласањето, за што е потребно двотретинско мнозинство. Со тоа почнува примената на албанскиот јазик како втор службен јазик на целата територија на државата, и отвора пат кон спроведување на останатите точки од тиранската платформа.

Ваквиот арогантен чекор на СДСМ и албанските партии, кој претставува погазување на волјата на мнозинството граѓани кои не гласале за платформата од Тирана, може да доведе до уште помасовни притести во целата земја.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top