Станува збор за погреб на виден граѓанин на Охрид, кој долги години живеел во Белград, Република Србија, објавил порталот „Охрид скај“, а пренесува порталот Пинџур.ком. Негова последна желба пред смртта била да биден погребан во неговиот Охрид, со рецитал на поемата „Т‘га за југ“. Неговото семејство ја испочитувало неговата последна желба, па така со најлуксузно погребално возило покојникот бил донесен од Беград до градските гробишта во Охрид. Но, од тој момент настанува вистински хорор за членовите на неговото семејство, кој ниту Хичкок не можел да го замисли.
За ископување на гробот и погребалните активности било задолжено погребалното претприатие од Охрид, но вработените не си ја завршиле работата, односно не ископале доволно длабок гроб, па кога пристигнал ковчегот со покојниот, не го собирало во дупката. Наместо да се обидат да ја продлабочат, тие решиле со секира да го искршат долниот дел од ковчегот!
Присутните на погребот, а и самото семејство се згрозиле од ваквиот чин на скрнавење на покојникот, посебно биле згорзени од самиот чин на кршење на мртовечкиот сандак од страна на вработените во погребалното претпријатие.
извор: Пинџур.ком
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шест вистински приказни за луѓето кои исчезнале без трага, пострашни и од хорор филмови
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит