Фановите на Монако сè уште се во исчекување дали најдобриот стрелец на тимот, Радамел Фалкао ќе може да настапи на вечерашниот натпревар против Манчестер Сити во рамките од реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Колумбиецот, по двете очајни сезони во Премиер лигата се врати во претпознатливата форма, но пред неколку денови се пожали на ситна повреда, па настапот на денешниот меч му е под знак прашалник. Сепак, синоќа Фалкао за француските медиуми изјави дека се чувствува добро, и дека се надева дека ќе има сили да истрча на „Луј Втори“.
– Се чувствувам одлично, утре ќе имам уште неколку прегледи и третмани, па со сигурност ќе се знае дали ќе можам да настапам. Доколку ме прашувате мене јас секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот и се надевам дека така ќе биде в среда – изјави Фалкао.
„Граѓаните“ на ова гостување во Монте Карло ќе отпатуваат со позитивен резултат од 5-3 и ќе бидат во многу поповолна ситуација доколку „Ел Тигре“ нема да може да настапи на овој дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.