| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка ми ја силуваа пред моите очи- приказна на девојка од Северна Кореја која го расплака светот

кореја
Јеонми Парк, девојка која избегала од Северна Кореја, на видеото кое се шири на интернет зборува за сите ужаси кои се случуваат во нејзината родна земја.
-Северна Кореја е незамислива. Има само еден канал на телевизија, нема интернет. Не може слободно да се пее, зборува, облекува или мисли. Тоа е единствената земја во светот која ги убива луѓето поради неовластени телефонски повици во странство- раскажала девојката

-Жителите секојдневно се тероризираат. Нема романтични приказни, нема Ромео и Јулија, секоја приказна е пропаганда. Јас сум родена во 1993 година. Кога имав девет години, видов како јавно ја погубуваат мајката на еден пријател. Кое беше нејзиното злосторство? Тоа што погледнала холивудски филм. Изразување сомнеж во режимот може да стави три генерации од едно семејство во затвор. Или во гроб- раскажала девојката низ солзи, пишува „Хафингтон Пост”.

-Признавам, мислев дека лидерот може да ми ги чита мислите.
-Мојот татко умре во Кина откако побегнавме од земјата. Моравме да го закопаме во тајност во три часот наутро. Имав 14 години, се плашев дека ќе нè вратат назад во Северна Кореја. На денот кога побегнав од Северна Кореја, видов како ја силуваат мојата мајка- се присетила младата девојка.

-Мојата мајка дозволи да ја силуваат за да ме спаси мене. Околу 300.000 бегалци од Северна Кореја се ранливи во Кина. Седумдесет отсто од жените и девојките секојдневно се малтретирани и се продаваат за 200 долари. Шетавме низ пустината Гоби и го следевме компасот. Кога престана да работи, ги следевме ѕвездите. Во Монголија ја најдовме слободата. Имавме ножеви, бевме подготвени да се убиеме ако одлучат да нè врата во Северна Кореја- се присетила девојката која со семејството, по Северна Кореја, преживувала пекол и во Кина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top