Академик Иван Катарџиев на денешното годишно собрание на МАНУ на своите колеги им предложи други приоритети на кои треба да работи Академијата – да иницира попис зашто 20 години не е спроведен во Македонија.
Тој смета и дека заедничките проекти со Бугарската академија на науките и уметностите треба да се однесуваат на општо светски теми, а не за историјата и етнографијата, потсетувајќи на неодамнешната изјава на поранешниот бугарски претседател дека Македонија треба да се откаже од македонизмот.
– Не треба да дозволиме нашите историски проблеми и нашето минато да бидат единствено теми за дебата со колегите од БАН – рече Катарџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Симовски: Не е исклучено во пописот да биде вклучена и етничката припадност
-
На пописот во 2020 нема да има листови хартија, само лаптопи
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
Почина познатиот македонски академик и прв министер за култура