Според Александар Климовски, универзитетски професор, платформата е директен атак врз суверенитетот и унитарноста на Македонија.
– Општо познато е дека платформа со тие барања што ги поседува во себе претставува директен атак врз суверенитетот и унитарноста на државата, т.е. врз основните уставните одредници на Република Македонија како држава – изјави Климовски, кој гостуваше во „Поенти“ на „ТВ Нова“.
Според него ако коалицирањето меѓу СДСМ и албанските партии беше платформата, т.е. барањата од платформата да се преточат во закон, тогаш како може претседателот да го даде мандатот?
– Нормално не го даде, и нема ни да го даде“, изјави универзитетскиот професот Климовски.
Тој истакна голема благодарност до претседателот Ѓорге Иванов што опстои после сите притисоци на правно издржаниот политички мудар потег да не го даде мандатот на луѓе кои за власт се спремни да ја разнебитат државата и да ја одиграат улогата на марионети на бината на големиот сценарист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)