Дапи го користел лажното име Али Чазимај за да добие азил во Велика Британија, каде илегално престојувал од 1999-тата година. Полицијата го открила неговиот вистински идентитет дури откако минатата година брутално убил двајца британски пензионери, Питер и Силвија Стјуарт.
Дапи, некогашен командос на албанските специјални сили, сурово убил две лица во нивната викендичка во Сафолк, бидејќи мислел дека се милионери кои може лесно да ги ограби и да ги врати своите коцкарски долгови, пишува Дејли Меил.
75-годишниот Питер Стјуарт го избодел девет пати и го фрлил во јама во близина на неговата викендичка. Телото на неговата несреќна сопруга, 69-годишната Силвија, не е пронајдено.
Откако судијата во Ипсвич за само три часа го прогласил Албанецот за виновен за тешко убиство, клопчето за неговото минато и за тоа како дошол во Британија почнало да се одмотува.
Витал Дапи, кој судијата од Испвич го нарекол “професионален убиец” во Британија дошол во 1999-тата година, така што се закачил за долниот дел од цистерна и така ја минал границата. Добил азил благодарение на приказната дека “побегнал од Косово каде Србите му го убиле целото семејство”. Неколку години се фотографирал со службеници од Есекс, и тоа во градската сала под фотографијата на кралицата Елизабета Втора, а потоа тие фотографии ги праќал на својата мајка во Албанија, за која претходно тврдел дека е убиена на Косово.
Дејли Меил истакнува дека по неколку години почнал редовно да го посетува Косово, каде од тамошните власти добил документи со своето вистинско име, но и каде работел како платен убиец. Косовските документи му биле потребни за да добие дозвола за постојан престој.
Дапи е опсесивен коцкар, кој трошел по 1.000 фунти дневно на обложување. Кога се задолжил кај погрешни луѓе, почнал да краде за да ги врати долговите, а притоа настрадале Сјтуарт и Силвија.
-Англичаните поверувале во неговата приказна за тоа дека семејството му е убиено. Секогаш знаеше добро да лаже. Сонуваше за Западот и за живот во Велика Британија. Со измама успеа тоа да го постигне – рекла братучетка на Дапи за Дејли Меил.
Британскиот весник наведува дека Дапи наводно извел едно нарачано убиство во Србија во 2015-тата година, и дека за тоа “добил одредена сума на пари”, и дека за тоа се фалел во Тилсбури, градот каде престојувал.
Во својот завршен збор на судењето, обвинителот рекол:
-Станува збор за трениран убиец, арогантен и ладнокрвен човек, научен да лаже и манипулира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка