| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров во конкуренција за „Златната топка“

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е меѓу најдобрите стрелци во Лигата на шампионите, по завршувањето на групната фаза. Бомбардерот на Барселона се наоѓа на делба на седмото место со вкупно 72 гола, исто колку и Магнус Груб Браминг од Холстебро.

Пред него се Блаж Јанц (Целје) и Момир Илиќ (Веспрем) со по 77 постигнати гола, како и Уве Генсхајмер од ПСЖ, со вкупно 83 гола. Лидер на листата е Габор Часар од Шафхаузен, со вкупно 84 гола.

Најдобар стрелец на Вардар е Алекс Душебаев, со вкупно 64 гола. Тој се наоѓа на 16. позиција, а зад него е Тимур Дибиров со 59 гола. Меѓу најдобрите 50 стрелци е и Игор Карачиќ со 48 гола.
Од таборот на Металург, пак, на листата остана само Немања Обрадовиќ кој е единствен од тимот од Автокоманда со над 50 гола. Во мрежата на противниците тој постигна 52 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top