| четврток, 6 декември 2018 |

Клинчаров:Исфрустрирани луѓе што не постигнале ништо, ги плукаат оние кои успеале

клинчаров

Толеранцијата и учтивоста се злоупотребуваат. Ние сме учтиви, толерантни и воспитани 20 години, меѓутоа тоа започна да се злоупотребува, изјави ракометарот Мартин Клинчаров.

-Дојдовме во ситуација кога исфрустрирани луѓе што не успеале да постигнат ништо во животот ги плукаат оние кои успеале. Имаше период кога им беше срам да им кажете „Вие сте Соросоиди“, но повеќе не се срамат и јавно го истакинуваат тоа, особено во последните 2-3 години- вели Клинчаров и истакнува дека тоа се луѓето кои работат според нечија агенда.

-Дојдовме во ситуација иницијатива како што е „За заедничка Македонија“ и напред го носи државното знаме да мора да се брани и да се правда. Прочитав текст дека студентите од Кузман ги истакнале знамињата и тоа било штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Со вакви написи се поистоветува државата и државниот идентитет со партија, што автоматски другите ги прави противници на државата- вели Клинчаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top