-Тие што се во тињата не го чувствуваат нејзиниот мирис и ним не е им е проблем да фрлаат по тебе“, ми рече во една прилика покојниот Владо Цветановски. Она што нам ни е потребно во моментов е да и се каже на јавноста „Не се пуштајте во тињата“. Не треба да се бориме пртив оние што се во тињата и се обидуваат да ги скршат моралните кодекси, ние треба да останеме простум, а остануваме со самото тоа што се наоѓаме на плоштад- вели оперскиот пејач Цветан Стојановски.
-Јас на мојот балкон истакнав знаме и добив реакција „Зар не е тоа иритирачки“? Не е иритирачки, јас само го истакнав своето знаме. Овие проблеми се решаваат на плоштад, не зашто сме грубијани на плоштад, напротив, за себе имам впечаток дека сум нежен човек, никого немам повредено. Стојам таму и со полна емоција повикувам „Украсете се со своите бои“, само тоа е решението, порача Стојановски кој изрази поддршка за протестниот марш „За заедничка Македонија“.
Вечерва тема во „Отвореното студио“ на ТВ НОВА е „Грев ли е да се биде патриот во сопствената држава?“ Гости во програмата се оперскиот пејач Цветан Стојановски, ракометарот Мартин Клинчаров и актерот Ванчо Петрушевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.