| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот и Кривичниот Суд со нови претседатели

Јово Вангеловски е новиот претседател на Врховниот суд, а Стојанче Рибарев е нов, в.д. претседател на Кривичниот суд.  За Јово Вангеловски гласаа двотретинско мнозинство од членовите на Судскиот совет.  Вангеловски  беше прв човек на Врховен и претходно, во периодот  од 2008 до 2012 година. Сега ја наследува функцијата од Лидија Неделкова, на која и истече мандатот.

Со десет гласа „за“ и четири „против“, Судскиот совет го избра Стојанче Рибарев за нов, в.д. претседател на Кривичниот суд. Тој доаѓа од Врховниот суд, досега бил претседател и на Апелациски суд и на Основен суд Штип. Рибарев доаѓа на местото на Татјана Михајлова, откако си поднесе оставка. Михајлова во декември лани беше назначена за в.д. претседател на Кривичниот суд откако му истече мандатот на Владимир Панчевски.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски истакна дека Советот одлучил дека не треба повеќе да го одложуваат изборот на претседател на Врховниот и Кривичниот Суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top