Стручниот штаб на сениорската репрезентација во машката конкуренција полека се комплетира. Минатата седмица Јорданчо Давитков беше назначен за селектор на националниот состав, а денеска Александар Јончевски и Љупчо Малинков ја прифатија понудата да му се приклучат на Давитков во стручниот штаб.
Александар Јончевски беше дел од стручниот штаб на Марјан Лазовски во 2012 година, потоа остана и покрај селекторот Алеш Пипан (2013 година), а последен пат како дел од сениорската репрезентација беше во 2015 година покрај селекторот Марјан Србиновски.
За Малинков, пак, ова ќе биде прво искуство како дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација. Минатите два циклуси Малинков ги мина на чело на националната селекција до 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.