Поддршката за Граѓанската иницјатива „За зедничка Македонија“ станува сè помасовна и од ден на ден се шири во сè поголем број градови.
Денеска протести за зачувување на унитарноста на Македонија и целосно отфрлање на тиранската платформа, која ќе значи редефинирање и федерализација на Македонија, ќе се одржат во дури 31 град низ цела држава.
Од граѓанската иницијатива вчера истакнаа дека стотина илјади граѓани во текот на минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат иницијативата и изразија голема благодарност за тоа.
– Tоа е огромна доверба во тоа за што се бориме, тоа што го застапуваме, но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, поенергично, порешително кон остварување на нашите цели. Им се обраќаме на политичките партии да не се обедуваат одредени политички елити што ја прифатија тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел – рече вчера Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.
– Почнува третата недела од маршевите „За заедничка Македонија“. Нè има најмногу досега. Дури 31 град ќе излезе на улица за да прати порака дека граѓаните сакаат мултиетничка, а не двојазична и бинационална држава. Дека сакаат да живеат во држава во која владеат почит и толеранција, а не теснополитичките сплектарења што Македонија ја водат на патот кон кантонизација и федерализација. Дека мнозинството граѓани на Република Македонија не прифаќаат мешање на соседни држави и платформи што ја уриваат унитарноста на земјата и не прифаќаат дебата за името, знамето, химната, грбот, јазикот. Ова се прашања што не заслужуваат дебата, но мора да имаат одговор, објавија пред малку на профилот на „Фејсбук“ на Граѓанската иницијатива.
И, еве го одговорот, денес низ целата држава, одговорот дека сакаме Заедничка Македонија.
1. Скопје – 17 часот
2. Прилеп – 18 часот
3. Струмица – 18 часот
4. Неготино – 17 часот
5. Радовиш – 17 часот
6. Кавадарци – 17 часот
7. Валандово – 18 часот
8. Гевгелија – 18 часот
9. Ново Село – 17 часот
10. Босилово – 18 часот
11. Василево – 18 часот
12. Битола – 18 часот
13. Кичево – 18 часот
14. Охрид – 17 часот
15. Крушево – 17 часот
16. Ресен – 18.30 часот
17. Демир Хисар – 17 часот
18. Куманово – 18 часот
19. Македонски Брод – 18 часот
20. Свети Николе – 18 часот
21. Берово – 17 часот
22. Пробиштип – 18 часот
23. Велес – 17 часот
24. Кратово – 17 часот
25. Виница – 18 часот
26. Македонска Каменица – 17 часот
27. Штип – 18 часот
28. Крива Паланка – 18 часот
29. Делчево – 17.30 часот
30. Кочани – 17 часот
31. Пехчево – 17 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“