Возач на автобус, кој ја загубил контролата врз возилото, влетал во маса народ во градот Гонаив, на Хаити, при што прво усмртил еден пешак и повредил уште еден, а потоа во обидоат за бегство се забил во локален музички оркестар и убил уште 38 лица, соопштија локалните медиуми.
Уште 13 лица се повредени во овој инцидент што се случил околу 4 часот изутрина по локално време во овој северен град, во кој живеат околу 300.000 лица, а кој од престолнината Порт-о-Пренс е оддалечен околу 150 километри, пренесуваат француските медиуми.
– Свиревме и се забавувавме, а тогаш налета автобусот газејќи ги луѓето, изјави Жан-Ренал Едуар, еден од повредените кој веднаш бил префрлен во болница.
– Автобусот прво покосил двајца пешаци, при што едниот бил усмртен на самото место, додека вториот се здобил со повреди, наведува Мари-Алта Жан Баптист, началник на службата за цивилна заштина на Хаити.
Возачот на автобусот на приватната компанија „Блу скај“ потоа се забил во три групи улични музичари додека со голема брзина се обидувал да избега од местото на несреќата, оставувајќи зад себе крв на сите страни.
Бројот на повредени првично изнесуваше 17, но четворица од нив подоцна починаа во болница, сооошти националната полиција во Гонаив.
По инцидентот на улиците се собрале гневни граѓани.
– Луѓето кои не беа повредени во незгодата се обидеа да го запалат автобусот со патниците во него, вели координаторот на службата за цивилна заштита за тој округ.
Властите прво соопштиле дека го уапсиле возачот на автобусот, но тој всушност избегал од местото на несреќата, соопшти претставник од локалните власти во областа на сообраќајот.
Возачите на Хаити на кои им се случуваат сообраќајни несреќи ретко остануваат на местото на несреќата, во страв од одмазднички напади на локалните банди, наведуваат француските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)