| четврток, 6 декември 2018 |

Возњацки: Вајлд-картите за Шарапова се непочитување кон другите тенисерки

voznijacki

Некогашниот прв рекет во светот, Каролин Возњацки од Данска е против враќањето на Марија Шарапова на турнирот во Штутгарт, која уште има забрана за настап поради пад на допинг-тест. Таа вели дека овие дозволи на ВТА се знак на недостиг од почит кон другите тенисерки.

– Мислам дека недозволиво е некоја тенисерка, која било и да е, да има забрана за настап поради допинг и да добие право да се појави на тениските терени пред нејзиниот истек. Мислам дека тоа покажува недостиг од почит кон другите тенисерки од ВТА. Очигледно, правилата се менуваат за одредени личности. Мислам дека доколку некој добил забрана за допинг треба да почне од почеток, па полека да се врати во елитата – вели русокосата тенисерка.

Турнирот во Германија почнува на 24 април, а првиот настап на Шарапова по забраната е закажан два дена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top