Реал Мадрид потешко од очекуваното успеа да го совлада Бетис со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ и го искористи киксот на Барселона која загуби од Депортиво за да се врати првото место на табелата во Примера.
Серхио Рамос повторно беше спасител на „кралскиот клуб“, постигнувајќи го победничкиот погодок во 81.минута, со удар со глава по корнерот од десната страна.
Голманот Кејлор Навас со голема грешка му подари погодок на Бетис во 25.минута, кога ја испушти топката зад својата гол-линија откако ја имаше во рацете по шутот на Санабрија. Израмни Кристијано Роналдо пред крајот на првиот дел, а Реал Мадрид долго се мачеше да стигне до победнички гол. Бетис во 78.минута остана со играч помалку по исклучувањето на Пичини, а Рамос само три минути подоцна тоа го искористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)