Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, уште еднаш потврди дека не планира да ги брани боите на својата Дејвис Куп селекција на четвртфиналниот меч против Србија.
Овој дуел на програмата е од 7 до 9 април во Белград, а сите фанови на тенисот очекуваа нов спектакуларен меч меѓу Ѓоковиќ и Надал. Сепак, до тоа нема да дојде, а Рафа ги открива причините за оваа одлука:
– Прво, мислам дека во овој момент потребно ми подобро да се припремам за турнирите кои следат на земјена подлога. Исто така мислам дека се потребни промени во ова натпреварување. Според мене, промената од три наместо пет сета не е вистински потег, туку на ова натпреварување му е потребно нешто сосема друго. За да се задржи квалитетот и интересот на овие натпревари, ИТФ мора да направи нешто за најдобрите тенисери да се чувствуваат пријатно кога играат за својата репрезентација. Ако се игра по системот на фудбалското Светско првенство, поточно еднаш годишно, тогаш играчите дефинитивно ќе бидат многу помотивирани – заклучи Надал.
Рафа. иако не освои ниту еден турнир (одигра финале на Австралија Опен и Акапулко), одлично ја започна оваа сезона, откако имаше неколку месечната пауза заради бројните повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.