| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација во Индијан Велс, Енди Мареј поразен од 129. светски рекет!

endi marej

Канадскиот тенисер Васек Поспишил ја оствари најголемата победа во својата кариера, откако го совлада првиот тенисер на светот, Енди Мареј. 129. тенисер на АТП листата триумфираше во второто коло од првиот Мастерс сезонава во Индијан Велс и тоа убедливо со 2-0 во сетови (6-4, 7-6), после час и 52 минути игра.

Поспишил во секој сегмент од играта беше подобар од големиот фаворит. Неизнудените грешки му беа сведени на минимум, искористи повеќе брејк топки од Мареј, а отсервира и повеќе асови, па на крај заслужено по четири победи во низа од Британецот успеа да слави историска победа.

– Немам објаснување, тренирав добро, очекував добар турнир, но ете, се повтори истиот случај, прерано да си заминам дома – разочарано изјави Мареј по поразот.

Во следното коло противник на Канаѓанецот ќе му биде Душан Лајовиќ од Србија кој исто така синоќа го совлада Шпанецот, Фелицијано Лопез со 2-1 во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top