| четврток, 6 декември 2018 |

Казната го стигна во ќелијата: Силуван и тепан човекот кој живееше со мртвата мајка

60-годишниот Тибор Новак стана познат во јавноста кон крајот на минатата година, откако беше откриено дека во центарот на Загреб живеел со мртвата мајка во станот цели 4 години.

Костурот на мајката во ноември минатата година го пронајде полицијата, и бил покриен со черги во собата од станот во Брозова улица, а потоа е откриено дека жената починала уште во 2012 година. Синот никому не пријавил дека е мртва, туку со трупот живеел додека не дошла полицијата.

Тој е осомничен дека ја оставил мајката во многу тешка состојба, не ја хранел и не ја водел во тоалет, иако знаел дека е неподвижна. Се сомнева полицијата дека умрела во тешки маки.

Во времето додека живеел со трупот на мајка си, Новак бил и во љубовна врска, а партнерката често му доаѓала во станот. Наводно се распрашувала што има во собата во која го криел трупот, а тој и говорел дека собата е полна со стари работи и затоа од таму се чувствува смрдеа. Таа во една прилика го видела и трупот во креветот, но ја убедил дека мајка му само спие.

Новак во декември им се пожалил на полицајците дека го силувале четворица затвореници со кои бил во ќелија.

Го испратиле на преглед во затворската болница, а потоа и на клиниката „Ребро“ под сомнение дека е тешко повреден. Новак потоа е преместен во друга ќелија, а обвинителството отвори истрага.

Според сомнежите на обвинителството, мачењата почнале така што осомничениот 28-годишник во декември 2016 година го одвлекол Новак во затворскиот тоалет и таму го силувал.

Освен тоа мачењата продолжиле кога во кругот на затворот се дознала вистинската причина поради која Новак бил затворен во Реметинец.

Кога се дознало дека со години живеел со мртвата мајка, тројцата осомничени постојано го малтретирале Новак. Еден 28-годишен, еден 24-годишен и еден 44-годишен исто така во декември почнале со вербални напади кон него.

Постојаната вербална тортура продолжила се додека најстариот осомничен не ги наговорил другите двајца физички да се пресметаат со Новак.

Брутално го претепале, со намера да му нанесат тешки повреди.

Новак при нападите добил повеќе удари со тупаници во глава, грбот и ребрата, наведе обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top