
Сараевската полиција ги испитува околностите под кои дошло до смрт на 42-годишната Неџада Сеферовиќ од Илиџа, која им подлегнала на повредите добиени од истрели во стомакот.
Сведоци тврдат дека извршила самоубиство пукајќи си во стомак од пиштолот на својот сопруг Сабахудин. Тој бил во близина на местото на злосторството, каде што лежела мртва неговата сопруга, мајка на неговите 12 деца.

– Си станавме сабајлето, се еше нормално. Отиде да донесе дрва, да запали оган да се згрее вода за да се измиеме.Излезе и не се врати. Потоа слушнавме 3-4 истрели. Децата истрчаа да видат што се случува, ајс бев последен кој стигна, раскажал потресениот Сабахудин.
Веднаш повикал полиција, ја ставил жената во кола и ја однел во болница. Тој се сомнева дека Неџада се самоубила од љубомора.
– Многу беше љубоморна. Имав една швалерка и ете што се случи, вели тој.
Истрагата е во тек
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


