| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите на Карпош Соколи со поддршка „За заедничка Македонија“

kksok

Кошаркарите на Карпош Соколи се вклучија во акцијата на илјадниците граѓани на Македонија, меѓу кои се најдоа огромен број врвни спортисти, за зачувување на унитарноста и на заедничкиот карактер на нашата држава.

Тие пред натпреварот со Мега Лекс се фотографираа облекоа маици со симболот кој ја окарактеризира унитарноста на Македонија и го искажаа својот став за зачувување на заедничкиот карактер на нашата татковина.

– За нас како спортски клуб и пред сѐ како спортисти, нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Секогаш го оставаме нашето срце на паркетот за победа. Секоја наша победа претставува победа на нашата заедничка држава Македонија. Нам ни е потребно сочувување на државата, онаква каква што сите ја посакуваме – силна и напредна. #ПоддршкаЗаЗаедничкаМакедонија“, е ставот на сите во таборот на Карпош Соколи.

„Соколите“ синоќа загубија како гости во дуелот со Мега Лекс во последното коло од АБА-лигата, каде што влегоа во категоријата на најпријатни изненадувања со 10 остварени победи и со опстанок обезбеден и покрај лошиот старт со осум порази по ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top