Манчестер сити е првиот полуфиналист во ФА Купот на Англија откако „граѓаните“ крајно рутински си ја одработеа задачата на гостувањето против Мидлсборо, триумфирајќи со 0-2. Избраниците на Пеп Гвардиола целосно го контролираа мечот откако рано поведоа, со голот на Давид Силва по само три минути игра.
Гостите не застанаа, продолжија со доминацијата создавајќи уште десетина убави шанси, од кои искористија само една, преку Серхио Агуеро откако Аргентинецот се најде на вистинското место по центаршутот на Сане.
Во вториот натпревар што е денеска на програмата Арсенал е апсолутен фаворит на домашен терен против нисколигашот Линколн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)