| четврток, 6 декември 2018 |

Червар со поддршка „За заедничка Македонија“: Единствено самостојноста е оружје за опстанок

Lino-Cervar-sport195-1

И селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар изрази поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тој во изјава за Курир вели дека колку и да е мала држава Македонија, по прашањето на гордоста, достоинството и државноста мораме да бидеме на ниво на земјите од Европската унија.

– Македонија е мала држава и мора да се држи до заедништвото на сите нејзини граѓани. Единствено самостојноста е оружје за опстанок во овој глобален свет. Разединетоста и поларизацијата на граѓаните на Македонија е закана за опстанокот на државата. Ние сме должни да се избориме за слобода поради идинината на нашите деца. Ма колку и да е мала државата, по прашањето на гордоста, достоинството и државноста ние мораме да бидеме на ниво на земјите од Европската унија, вели Лино Червар за Курир.

Лино Червар во 2012 година стана македонски државјанин, тој како заслуга за големиот придонес во спортот во земјава доби македонски пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top