| четврток, 6 декември 2018 |

Јирген Клоп: Не ми треба Харт, имам одлични голмани!

jo hart

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп веќе најави дека планира да ангажира голем број на засилувања за наредната сезона, но стратегот на „црвените“ нема намера да прави промени на голманската позиција, каде е задоволен од Симон Мињоле и Лорис Кариус. И двајцата голмани примија наивни голови во текот на сезонава, но Клоп има верба во нив, па во изјава за весникот „Мирор“ децидно ги отфрли гласините дека е сериозно заинтересиран да го доведе на „Енфилд“ англискиот репрезентативен чувар на мрежата, Џо Харт.

– Секој голман знае да прими почетнички гол, без исклучок. Тоа е судбината на голманите, но ако гледаме севкупно, јас сум задоволен од она што го имам на расплагање. Работат напорно на тренинзите и бранат добро на поголемиот дел од натпреварите. Покрај Мињоле и Кариус го имаме и искусниот Алекс Манингер, кој е неверојатен професионалец, како и младиот Ворд, кој е голем талент и се наоѓа на позајмица во Хадерсфилд. Навистина не гледам потреба да тргнуваме по нов голман во текот на летото, без разлика дали говориме за Џо Харт или било која друга опција. Ливерпул ќе се засилува, но не и на голманската позиција – истакна Клоп.

„Црвените“ утре ќе го пречекаат Барнли во рамките од Премиер-лигата, меч за кој Клоп ќе ги нема на располагање Хендерсон и Стариџ, а крајно неизвесен е и настапот на Фирмино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top