| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за несреќата на патот Гевгелија – Богданци: Починаа тројца млади, еден е повреден

Тројца млади жители на Богданци починаа, а еден е повреден во тешката сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 14.30 часот на патот Гевгелија – Богданци.

Според МВР се судриле автомобили „ауди-3“ управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци и „форд фиеста“ управуван од 40-годишниот Љ.П. од Кавадарци. Животите во несреќата ги загубиле 20-годишниот М.Ш. и 17-годишната К.П.,и двајцата од Богданци. Тие биле сопатници во „аудито“.

Двајцата возачи биле пренесени во Општата болница во Гевгелија, при што возачот на „аудито“, бил во кома и имал тешки повреди, a и покрај сите напори, после повеќе од еден час бил прогласен за мртов“, пренесува Мета.

Порталот пишува дека според зборовите на дежурниот хирург во Општа болница – Гевгелија едно од лицата бил донесено некаде после 15 часот во коматозна состојба, со тешки повреди. Бил реанимиран повеќе од еден час, но напорите биле залудни и повредениот бил прогласен за мртов.

Вториот возач имал полесни повреди и бил упатен на здравствена нега во Здравствен дом – Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top