| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ одобри 30 милиони евра помош за Македонија и Србија за бегалците

Европската унија денеска одобри дополнителни 30 милиони евра помош за санирање на последиците од бегалската криза во Западен Балкан, јави Танјуг.

Средствата се наменети за Македонија, за Србија и другите држави на Западен Балкан, а ќе се користат за потребите за управување на границите и бранот мигранти, за обезбедување сместување и услуги за мигрантите и бегалците, како и за поддршка на локалните заедници.

Европската комисија наведе дека овие средства се одобрени покрај 59 милиони евра кои веќе се доделени на Македонија и на Србија од почетокот на мигрантската криза во 2015 година.

– Одобрениот пакет ќе помогне во понатамошно подобрување со управувачките капацитети кога се во прашање границите и миграцијата во регионот. Ќе овозможат продолжување на поддршката на пограничната полиција со цел контролата на границите да се спроведува со согласност со европските стандарди и со цел запирање на криумчарењето на луѓе. Средствата ќе обезбедат понатамошна поддршка за тие кои се одговорни за обезбедување на основните потреби на мигрантите и бегалците, како што е сместувањето, здравствените услуги, но и заштита, посебно на ранливите групи – се наведува во соопштението на ЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top