Maкедонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, ги предводеа илјадниците прилепчани на вечерашниот протест во градот херој.
Силни пораки, патриотски извици и пораки за обединување околу идејата за “Заедничка Македонија” го красеа вечерашниот протест, кој беше еден од најмасовните, откако прилепчани решија да излезат на улица и да го кренат гласот против урнисувањето на унитарноста на државата.
Прилеп покажа сила и истрајност и како во минатото и денес се обедини против оние кои не ѝ мислат добро на татковината, против оние кои се пазарат со искреноста, чесноста и трпеливоста на Македонецот.
Граѓаните упатија порака дека не се за насилство, не сакаат крвопролевање и уништување на другите етнички заедници, но нема ни да дозволат некој да го негира постоењето на македонската нација на овие простори, нема да дозволат да се негира македонската православна црква, македонскиот јазик, химна, знаме, нема да дозволат некој да гази на македонското достоинство и милениумско постоење.
Извор: Маркукуле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.