| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Kога ќе тргне ланчано од Македонија, изгоре Европа

 

albanski-protest-besa-1

А сега сериозна политичка прогноза за неделава. Свадбава во Македонија со нетрпение ја очекува и Москва. Балтичките земји вознемирено чекаат македонскиот преседан да го искористи Владимир Путин со специјална платформа за руските „малцинства“ во овие државички кои се половина од тамошните населенија, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна.

– Свадбата закажана кај Kалининград. Ја викаат кубанска криза 2. Ќе се слави со ракети „искандер“, на македонски јазик – Александар. Што се однесува до Украина, ене веќе кај отпечатиле и пасоши на независен Домбас. Збогум, Украина! Британците со инстинкт на брендиран гангстер по кого тргнала потера веднаш го испратија министерот за надворешни Борис Џонстон во Москва. Вели, оди на слепо да издејствува средба со Путин. Нема време за протокол. Сметките направени дома не излегувале на отворен пазар. Фатени на дело како со американското подземје го рушат Трамп додека му се колнат на стратешка верност, Бритиве (потомци на норманските пљачкаши) се надеваа да се испазарат на салфетка како своевремено Черчил со Рузвелт и Сталин за Блискиот и Средниот Исток, кои западот сега неповратно ги загуби. Таму ќе оди и Нетанијаху преку Путин да осигури мир и заштита на Израел. Брисел традиционално доцна виде дека вашингтонското подземје пак го користи за куклена претстава на далечинско. Глупави, самобендисани и арогантни какви што ги дал Господ, евро-тоталитарците заборавија на сите предупредувања што им ги упати Москва во 2013, 2014 и 2015 година.

– Универзитетот „Ломоносов“ им испечати карта на новата Европа како пандан на онаа на „дип стејт“. На неа ништо не е како сега. Ниту една држава во Европа нема да куртули од слични платформи. Слична карта, ама за Балканот, во исто време испечати и Турција. Затоа денес не ми е чудно што токму Грција жестоко се спротивставува и ја осудува великоалбанската тиранска платформа. И Унгарија, и Србија, и Романија, и Бугарија и Словачка. Свадбава на Зајко се поклопува со новиот миграциски бран, а Македонија е транзитна раскрсница. Министерскиот совет на ЕУ заседава в четврток. Таму изгледа само пијаницата Јункер ќе е најтрезниот. Kога ќе тргне ланчано од Македонија, изгоре Европа. И после пак нека ја мразат Македонија заради Македонците, јазикот, културата, името, спомениците, симболиката.

– Е, токму затоа кога „политичарите“ ќе забегаат, ете ги генералите кај стануваат глас на разумот. Тие знаат што се гибел и војна. Нашите беа на средба со американските задолжени за Европа, ем тоа веднаш по соопштението на Иванов дека не му дава мандат на штрапан. Сега, по случките во Вашингтон, генералска трилатерала се одржа во Анталија. Теми: Блискиот и Средниот Исток, Балканот и Балтикот. Фино! Ултиматумот на Хашим Тачи (кому пред некој ден новата американска власт му забрани да формира косовска војска) Албанците во Македонија да си ја земат судбината во свои раце уште тече. Kако да го дал покојникот Борис Трајковски во 2001 кога како врховен командант ја „бранеше“ Македонија. Нема рок! Оти за женачкава на Заев нема благослов и од официјален Вашингтон. Таму врховен командант е Трамп, кој не е црпнат како Обама. А Бондстил не е само цијашко гнездо, туку и на Пентагон. Сега Тирана и Приштина под команда на одлепена ЦИА ја тестираат предизборна Србија каде што се судираат рускиот и американскиот интерес. „Разбуди се“ спие. Бугарија, земја на НАТО, гласно молчи. Оној бедник Столтенберг ни ја пренесе командата на бившата ЦИА и никој овде не го прорецка. Оти НАТО без американска команда е офицерски клуб „килибарна лисица“ без опашка. Kратко и јасно, сите се во стоп кадар. Оти вистината почнува да тече на сите страни. ЦИА умира во агонија. Ќе паѓаат и глави и кариери и гаќи. Kако ќе следуваат новите бомби на „Викиликс“, така ќе дознаваме кој што правел, кој за кого одработувал, кому и за што служел. За тоа вреди денес да си жив и здрав и при ум, пишува Велиновска во својата последна колумна Свадбата на Зајко Македонија вечна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top