| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Савиќевиќ: Македонија има своја државност, целото нејзино опкружување има претензии (ВИДЕО)

Претседателот на фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ во изјава за ТВ Нова вели дека Македонија има своја државност, има свој Устав.

„Мислам дека тоа се желби на одредени поединци и групации. Македонија има своја државност, има свој Устав и според мене, Македонија треба да остане заедно и тоа да остане само како најлошо решение, бидејќи војната не носи ништо добро. Не дај Боже да се случи таму кај вас, бидејќи знам дека имате доста проблеми. Македонија е во една специфична ситуација бидејќи целото нејзино опкружување има некои свои претензии и ако не дај Боже дојде до војна мислам дека тоа ќе биде лошо за населението гледајќи општо, а потоа тие помали групи, некои луѓе веројатно би профитирале. Но, мислам дека Македонија треба да остане, да го сочува мирот. Најважно е да се сочува мирот во државата, истакна тој за Телевизија Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top