| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Чувствувам огромна промена, сега сум друг човек и тенисер (видео)

novak djokovic

Веќе цела година Новак Ѓоковиќ е непрепознатлив во очите на своите фанови. По освојувањето на Ролан Гарос, српскиот тенисер загуби мотивација и веќе не беше оној стариот на тениските терени.

Оваа година, исто така, не започна како што посакуваше популарниот Ноле, но се надева дека на АТП турнирот во Индијан Велс ќе покаже дека се врати во нормалната форма. Во првото коло ќе биде слободен, а веќе во следната фаза го очекува победникот од дуелот Едмунд и Елиас.

– Не бев на потребното ниво во последната година. едноставно не бев присутен на тениските терени. Но, сега се е поинаку и спремен сум да покажам дека се враќам во старата форма. Можеби требаше да земам подолга пауза по Ролан Гарос за да ги наполнам батериите. Сега сум посвеж и многу подобро се чувствувам од пред недели, а да не зборувам за пред месеци. Морав едноставно повторно да најдам мотивација за игра – изјави вториот тенисер во светот.

Многумина го обвинија шпанскиот духовен исцелител, Пепе Имаз за формата на Србинот, кој наводно е главната причина за прекинот на соработката со Борис Бекер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top