| четврток, 6 декември 2018 |

Челси ќе му понуди нов договор на Немања Матиќ

matic i kante

Лидерот во Премиер лигата, Челси му понуди нов договор на Србинот Немања Матиќ. Сегашниот договор на фудбалерот од средниот ред е со важност до 2019 година, но менаџерот Антонио Конте инсистира да го задржи играчот за подолго на „Стемфорд Бриџ”.

28-годишниот некогашен фудбалер на Бенфика оваа сезона одигра 26 натпревари во Премиер лигата, но во понеделникот не го почна дуелот со Вест Хем.

Српскиот репрезентативец е компитабилен со Нголо Канте, иако се чинеше дека имаат слични карактеристики и не може да играат заедно.

За неговите услуги како што пренесуваат шпанските медиуми, каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде да го доведе Матиќ во летниот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top